Утрински Весник
Македонија

Успешно евакуиран повредениот планинар кај камењарот на Пелистер

20250720130553 big 730x400 86.webp.webp

Спасувачки тим предводен од раководителот Петар Нолев изврши успешна евакуација на повреден планинар кој утрово се повредил на локацијата кај камењарот на планината Баба, под врвот Пелистер.

Во изјава за МИА, раководителот на спасувачкиот тим Петар Нолев, истакна дека акцијата беше брзо и професионално изведена, откако беше активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување.


-Акцијата за спасување, односно евакуирање на македонскиот средовечен планинар ја реализиравме со соработка со наша четирчлена екипа оспособена за спасување на лица во планина и со поддршка на професионалци од ЈУ Национален парк „Пелистер“, Центар за управување со кризи и полициски службеници од МВР. Повредениот планинар го лоциравме кај камењарот, на исклучително тежок терен. Акцијата се одвиваше повеќе од еден час и успешно заврши, а планинарот со хеликоптер беше пренесен во Битола, а потоа и во здравствена установа за укажување лекарска помош – посочи Нолев.

Утрово на Пелистер повреден македонски планинар побарал помош која Дирекцијата за заштита и спасување ја обезбеди со директен ангажма и со поддршка од полициски хеликоптер и специјалци од полициските сили Тигри.

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа