Утрински Весник
Економија

Успешeн прв квартал за НЛБ Банка: Континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата

Nlb.jpeg

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година. Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари  нето добивка во износ од 719.468 илјади МКД што претставува зголемување за 6,1 % во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1 % споредено со крајот од 2024 година. Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8 %, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7 %.

MK Summit

Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија,  засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст.


Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснoвач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно” на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ Групацијата, ќе реализира донација од 350 илјади евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на  вештачката интелегенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените” продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Можете да прочитате

Претставување на претстојните можности на коридорите 8 и 10д

Заеднички настан на Македонска берза и ЕБРД „Финансирајте се пазарно!“

Трендафилов: За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај