Утрински Весник
Македонија

Условна казна затвор од две години без забрана за вршење на дејност за онкологот Мери Пешевска, која призна вина во случајот Онкологија

20250909172543 big 730x400 83.webp.webp

Основниот кривичен суд Скопје изрече двегодишна условна казна без забрана за вршење на дејност за второобвинетата во случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска, доколку во рок од пет години таа не стори ново дело. Пред две судски рочишта Пешевска го призна делото кое што ѝ се става на товар за несовесно лекување болни, по што кривичната постапка против неа беше раздвоена. 

Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и уште двајца онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. 


Според обвинението, на нив им се ставаат на товар кривичните дека „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Онкологот Пешевска претходно пред Судот рече дека не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата за седумтемина пациенти за кои беше обвинета бидејќи, како што рече, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер сѐ со цел брза услуга на пациентите. Во завршните зборови таа посочи дека целиот свој живот го посветила на пациентите и дека на Клиниката за онкологија е вработена од 2002 година, а од 2007 година е специјалист онколог.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката Нехад Нухи има уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. 

Можете да прочитате

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата