Утрински Весник
Свет

Уште една тажна вест од Грција: идентификувано телото на Анастасија од Кипар, која се наоѓала во третиот вагон

Уште една тажна вест од Грција: идентификувано телото на Анастасија од Кипар, која се наоѓала во третиот вагон
Dik 300x250 mk

Семејството на Анастасија Адамиду (24) од Кипар, која исчезна по судирот на возовите во Грција, доби тажна вест – нивната ќерка загинала.

dobivaj vesti na viber

Од Солун со пријатели заминала во Бугарија за време на продолжениот викенд поради празниците. По тоа, отишла во Атина, каде што присуствувала на дипломирањето на својата пријателка, но, за жал, решила да се врати во Солун со воз.

По судирот на возовите во Лариса во вторникот вечерта, нејзиното семејство упати апел за помош бидејќи оттогаш таа не се слушнала со никого. Анастасија била во третиот вагон на патничкиот воз.

Нејзиното семејство, кое живее во Пафос, на Кипар, веднаш заминало за Грција, а таткото на нејзиното момче бил пред болницата во Лариса со фотографија на Анастасија во рацете обидувајќи се да открие што се случило со неа.

За жал, нејзиното тело било идентификувано со помош на ДНК-анализа, а родителите биле информирани за нејзината смрт, пренесува „Прототема“.

Анастасија дипломирала стоматологија и била на постдипломски студии на АУТХ.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа