Утрински Весник
Македонија

Уште една кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште

Merko 3 2.jpg

Нова кривична пријава е поднесена против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко поради сомнение за „несовесно работење во службата“.

Според ОВР Струга, Мерко во јануари 2022 година незаконски именувал в.д. директор на основно училиште, иако кандидатката не ги исполнувала условите според Законот за основно образование, не го положила испитот за директор и немала соодветен сертификат за англиски јазик. Со ова назначување, кандидатката стекнала неправедна парична корист од околу 1.390.536 денари, или близу 23.000 евра.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата. Тој, на 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на вд директор на училиште во Струга. Тоа, го направил, иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање на англиски јазик. Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење на работни задачи како вд директор и како директор на училиштето“, се вели во соопштението од ОВР Струга.




Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор