Утрински Весник
Свет
Img 7972

Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање

1730290835 Zatvor.webp.webp
300x250 opst2

Осудениот на смрт во американската сојузна држава Јужна Каролина, Микал Махди, побара неговата казна да се изврши со стрелање.

Махди е осуден за убиството на полицаецот Џејмс Мајерс во 2004 година. Сопругата на Мајерс го пронашла неговото изгорено тело, застрелано најмалку осум пати, вклучително и двапати во главата.


Егзекуцијата на Махди е закажана за 11 април, тој ќе биде врзан за стол оддалечен 4,6 метри од тричлениот стрелачки вод. Целта ќе му биде поставена на градите.

Пред пет недели во Јужна Каролина, првпат по повеќе децении беше извршена смртна казна со стрелање/

Во изминатите 50 години само тројца затвореници, сите во американската сојузна државата Јута, биле егзекутирани во САД со стрелачки вод.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација