Утрински Весник
Македонија

Уште четири болници добија нови директори

Gridart 20240712 132249377 Scaled.jpg

Четири болници од денес ќе имаат нови директори. ТОАРИЛУЦ, ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар, ЈЗУ Универзитетски Институт за Килнича Биохемија Скопје и ЈЗУ Општа Болница Струмица од денеска имаат нови директори.

Марија Јовановски-Срцева е новата директорка на ТОАРИЛУЦ. Таа е вонреден професор на Катедрата за анестезија и реанимација и здравствена нега. Проф. Срцева е предавач на меѓународни конгреси. Таа со титулата доктор на медицински науки се стекнува во 2016 год на Универзитет “Св. Кирил и Методиј”- Медицински факултет, Скопје, а на истиот универзитет и магистрила. Таа станува специалист по Анестезиологија со реанимација во 2008год, а од 2023 год е и супспецијалист по фармакотерапија.Проф.д-р Срцева со своите стручни и научни надградувања се стекнува и на интернационално ниво, ова се дел од нив: · студиски престои во ,Салзбург,Австрија, -Амстердам 2021: Претставник на Македонија и носител на прокт на Европска унија;СОSТ :Sudden cardiac arrest aut of the hospital.- студиски престој во 2022 во Белград , Србија),Август 2021 (Chainsaw, Moldova).Исто така е дел од обуки во рамки на (Thessaloniki-Greece) – организација на НЕАТ- Multidisciplinary approach to Bleeding Management in Obstetrics and Cardiac surgery, (Hainburg-Austria)- организација на HEAT, EAHT-Multidisciplinary approach of bleeding, (Iraklion-Greece) , за едукација на болнички кординатори (Загреб-Croatia) . Проф. д-р Срцева во стручната и научната дејност како признание за посветеноста ги добива и следните награди: -Medis Recognition Award, Achievement for Recognition in outstanding research Ljubljana 2016, Slovenia · First Award and second award for Best Orginal Research on BIsop 2018, Belgrade, Serbia, · Achеvment for extensional reviewer Elsiver · The best case report-third place; Bisop 2023, Belgrade, Serbia. Таа од 2000 год до 2003 год работи на Институт за срце и срцеви заболувања-Скопје, а од 2003 год до денес е на Клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување.Проф. д-р Марија Срцева ce јавува и како автор и коавтор на книги и делови од книги издадени од УКИМ,но и од странски универзитети.

Проф. д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска e новата директорка на ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар.Специјалистичкиот испит по ортодонција го положила во 2000 година и се стекнала со звањето специјалист по ортодонција. Во 2010 година засновала двоен работен однос на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон” на Клиниката за ортодонција. Постдипломските студии од областа на ортодонцијата ги завршила со просечна оцена 10,00 а магистерскиот труд со наслов „Дентофацијална морфологија кај индивидуи со агенеза на заби” го одбранила на 6.4.2004 година. Докторската дисертација со наслов „Морфолошки карактеристики на краниофацијалниот комплекс кај индивидуи со Turner-ов синдром” ја одбранила на 4.11.2013 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Во 2004 година, д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска е избрана за помлад асистент на Катедрата за ортодонција, а во 2007 година за асистент на истата Катедра. Во истото звање е реизбрана во 2010 година. Во 2014 година д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска е избрана за научен соработник на Катедрата за ортодонција, а во 2016 година за доцент на истата Катедра. Во 2019 година д-р Бајрактарова Мишевска е избрана за вонреден професор на Катедрата за ортодонција а во 2023 година за редовен професор на истата Катедра. Била ментор на повеќе кандидати за специјализација по ортодонција, ментор на 4 магистерски и 4 докторски трудови, како и ментор на повеќе од 20 дипломски работи и студентски теми. Автор и коавтор е на 114 стручно-научни трудови, објавени во земјата и во странство.

Нов директор на Јавна здравствена установа УНИВЕРЗИТЕТСКИ ИНСТИТУТ ЗА КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА Скопје е д-р. Николина Гроздановска. Tаа е Европски Специјалист по Лабораториска Медицина EuSpLM од 2019г. во регистарот на EFLM European Federation of Clinical Chemistry and Laboratory Medicine под регистрациски број 1870. Гроздановска е специјалист по медицинска биохемија со положен специјалистички испит на ден 26.02.2018г, специјалистичка лиценца за работа и специјалистички факсимил, како и докторанд-апсолвент на медицински науки при УГД.

Од денес со ЈЗУ Општа Болница Струмица ќе раководи нов директор специјалист интернист, суп-специјалист-дијабетолог Др.Гоце Христов, кој во ЈЗУ ОБ Струмица работи од 2012 годинa. Автор е на повеќе стручни трудови има долгогодишно практично искуство од медицината.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје