Утрински Весник
Свет

Урош сакал да убие трудница, таксист го убедил да ја поштеди – нови детали за масакрот во Младеновац

Урош сакал да убие трудница, таксист го убедил да ја поштеди – нови детали за масакрот во Младеновац

Таксистот и трудницата кои ги киднапираше Урош Блажиќ (21) и ги држеше како заложници по масакрот што го изврши во Младеновац, треба да бидат сослушани од понеделник. Таксистот наводно треба да открие како го спречил Блажиќ да продолжи со убиствата, вклучувајќи и на трудницата која била во возилото.

dobivaj vesti na viber

Србија се уште не се опоравила од масакрот што го изврши Урош Блажиќ во селата Дубона и Мало Орашје на 5 мај, кога застрела и уби осум млади луѓе и рани 14 селани.

При бегството на наплатната рампа кај Мали Пожаревац налетал на такси возило во кое се превезувала млада трудница.

Сослушувањето на околу 50 сведоци на масакрот почна во средата во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, а ќе продолжи од понеделник. Потоа ќе сведочат таксистот и трудницата.

Таксистот треба да открие како неговата смиреност успеал да го спречи Блажиќ од натамошни убиства што ги планирал по убиствата на осум луѓе.

„Тој е искусен таксист кој работи со години. Наводно, Блажиќ планирал да ја убие трудницата, но и таксистот. Држејќи бомба во рацете, тој побарал од таксистот да го одвезе до Вињиште, до куќата на неговиот вујко, каде се криел до апсењето“, вели извор близок до истрагата, пренесе „Блиц“.

Според информациите, таксистот успеал со својата присебност да го смири Блажиќ и многу разговарал со него додека тој возел.

Тој го наговорил Блажиќ да го пушти да ја однесе бремената жена, а потоа да го вози до Крагуевац. Тој повторил дека се ќе биде во ред и дека нема потреба да се плаши, бидејќи ќе го однесе на посакуваното место. Самиот бил шокиран кога Блажиќ го оставил жив и го напуштил возилото. После тоа повикал полиција, рекол изворот.

Неговиот колега претходно исто така за медиумите изјави дека таксистот успеал да ја задржи својата присебност. Тој рече дека возачот цело време ги држел работите под контрола, но дека „се скршил“ откако повикал полиција и пријавил се. После тоа зел боледување и извесно време не се појавил на работа.

Фото: телеграф

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk