Утрински Весник
Спорт

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

20240727121446 Big 730x400 52.webp.webp

Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денес учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап.

Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути 5 секуни и 38 стотинки, скоро три секунди послабо од личниот рекорд.

Следна од македонските натпреварувачи на Игрите 2024 е Анастасија Мојсовска која утре ќе се појави во дисциплината стрелаштво – 10 метри воздушна пушка. 

Можете да прочитате

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска