Утрински Весник
Спорт

Јурановиќ нема да игра против Мароко

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Јосип Јурановиќ (27) нема да игра на утрешниот натпревар за третото место против Мароко. Десниот бек на Хрватска ја повреди потколеницата и ќе мора да мирува десет дена.

dobivaj vesti na viber

Јурановиќ се повреди на полуфиналниот натпревар против Аргентина, во кој Хрватска загуби со 3:0. Десниот бек теренот го напушти во 70. минута.

Јурановиќ беше одличен во четвртфиналниот меч против Бразил и најдобриот играч на теренот, особено во првото полувреме.

Против Мароко, во сабота од 16 часот, треба да биде заменет со Јосип Станишиќ од Баерн кој ќе ги одигра првите минути на Светското првенство.

Хајдук го продаде Јурановиќ на Легија од Варшава за само 400.000 евра, а Полјаците пред минатото лето од неговиот трансфер во Селтик заработија 3.000.000 евра.

Се шпекулира дека неговата моментална вредност изнесува околу 10.000.000 евра.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина