Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Управата за водење матични книги му се извини на семејството Јакимовски поради скандалозната грешка со издадената умреница, наместо бараната венчаница !?

Logouvmk recovered final8 mk top.png
300x250 opst2

Градоначалникот на Општина Карпош, претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, денеска објави дека наместо извод од матичната книга на венчаните, неговите син и снаа добиле извод од матичната книга на умрените, во кој денот на нивната венчавка бил впишан како ден на нивната смрт !? По овој скандал со писмено извинување по однос на ова прашање се огласи Управата за водење на матични книги. Од Управата се извинија до семејството на Јакимовски, за немилиот настан и додаваат дека се работи за несакана грешка на издаден погрешен образец. Од Управата посочуваат дека административниот службеник што го направил пропустот ќе биде санкциониран. -Направен е увид во целокупното постапување по предметното барање за издавање на извод на интернационален образец од матична книга на венчаните и утврден е пропуст сторен од страна на административен службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје и истиот во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници, се посочува во известувањето на Управата за водење матични книги.

Можете да прочитате

Резултатите од локалните, ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори, смета Османи

Николоски: После три децении се гради водовод во Љубанци и Љуботен 

(Видео) „Реално“ со Марко и Орце: Ако не бев во политиката сигурно ќе бев доктор