Утрински Весник
Македонија

Управата за финансиска полиција и Дирекцијата за заштита и спасување добија нови в.д директори

Vlada Zgrada.jpg

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлуки за именување нови кадровски решенија во неколку институции.

Како што стои во соопштението владината прес служба, со заклучок донесен на седницата, Владата му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор како претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а на негово место да го избере Бојан Николовски.

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски, се посочува, е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами, се наведува во соопштението, е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата го разгледала и Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на еден член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), и заклучила да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на ова регулаторно тело да ја именува Елена Маркова Велинова, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!