Утрински Весник
Македонија

Упасени возачи од Кавадарци и Велес, едниот возел пијан, другиот возел пребрзо

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес.  При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

На 16.11.2025 во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.Ѓ.(41) од Кавадарци. При контрола  на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта.


Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ