Утрински Весник
Свет

УНРВА повеќе не работи во северниот дел на Газа

Screenshot 2024 02 23 221747.png
Dik 300x250 mk

 Портпаролот на палестинската агенција за бегалци УНРВА рече дека организацијата повеќе не е во можност да обезбедува помош во северниот дел на Газа, каде што има само „неколку членови на персоналот“, и оти граѓанскиот поредок пропаднал поради израелскиот напад и строгите ограничувања за пристап до храна. УНРВА вели дека се бори да обезбеди помош за милиони Палестинци во Газа и низ регионот, откако неколку клучни земји донатори го замрзнаа финансирањето на хуманитарната група по израелските наводи дека десетина нејзини вработени учествувале во нападите на 7 октомври.– Верувам дека имаме неколку недели, пет или шест, помалку од тоа. После тоа, нема да можеме да продолжиме да даваме услуги, не само во Газа, туку и во места како Сирија, Јордан, Либан, Западниот Брег и Источен Ерусалим, изјави за Ал Џезира портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасна.

Можете да прочитате

Турист загина кај Пантеонот во Рим

Два силни земјотреси во Романија

Трамп сака Кина да „помогне“ во односите со Русија