Утрински Весник
Свет

Универзитетите во Иран затворени, земјата во „дигитален мрак“

Iran vojna 2 3.jpg

Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, јавија ирански медиуми, пренесува ДПА.

„Сите академски активности се суспендирани“, објави реформски ориентираниот портал Eslahat News, повикувајќи се на иранското Министерство за наука.


Според извештајот, запрени се и наставата со физичко присуство и онлајн предавањата.

Во меѓувреме, голем дел од Иран и на седмиот ден од војната останува речиси целосно исклучен од глобалниот интернет, соопштија организации што го следат интернет-сообраќајот.

Групата NetBlocks наведе дека интернет-конективноста во земјата изнесува околу еден процент, оценувајќи дека Иран се наоѓа во „дигитален мрак“.

Податоците на технолошката компанија Cloudflare, исто така, покажуваат речиси целосен прекин на интернет-сообраќајот.

Мал дел од воено-политичката елита во Иран и натаму има непречен пристап до интернет. Со години одредена привилегирана група користи таканаречени „бели СИМ-картички“, кои им овозможуваат да ги заобиколат владините блокади и ограничувања.

Иранските медиуми продолжуваат да објавуваат вести и на платформите Телеграм и Икс, кои официјално се забранети во земјата.

Дури и во мирнодопски услови интернетот во Иран е под строга цензура, а многу веб-страници и апликации се блокирани во државата со повеќе од 90 милиони жители.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон