Утрински Весник
Свет

Унилевер укинува 7.500 работни места

65f95ec0b9acd Unilever Said The Job Cuts Which Will Affect Mainly Office Based Roles Are Part Of A Plan To Achi 194535374 16x9 1.webp.webp

Британскиот мултинационален производител на стоки за широка потрошувачка Унилевер најави дека ќе укине околу 7.500 работни места со цел да заштеди околу 800 милиони евра во следните три години.

Британскиот гигант забележува дека ќе укине главно канцелариски работни места и паралелно ќе инвестира во технологија за да ја подобри продуктивноста и да ги намали трошоците.

Раководството најавува разговори со работниците, без да открие каде точно планира да ги скрати работните места. Тие само скицираа временска рамка од две години.

Унилевер има 128.000 работници ширум светот, а вработува 6.000 во Британија.

Извршниот директор Хајн Шумахер потсетува дека во акцискиот план се обврзале да произведат „помалку работи, подобар квалитет“, а промените, како што вели, треба да им овозможат да го забрзаат неговото спроведување.

„Цврсто одлучивме да ја спроведеме нашата програма за продуктивност во соработка со претставниците на вработените и да покажеме почит и грижа за работниците кои ќе бидат погодени“, додаде Шумахер.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење