Утрински Весник
Свет

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

Унгарскиот министер: Нè очекуваат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан

Европа ќе доживее нови стратешки проблеми доколку не успее во интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска во Блед унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

dobivaj vesti na viber

Унгарецот на Бледскиот стратешки форум рече дека западниот наратив за конфликтот во Украина не е ист во земјите кои не се на европскиот и северноамериканскиот континент. Унгарскиот министер смета дека тоа е еден вид стратешки пораз за Европа и посочува дека затоа е клучно Европа што поскоро да постигне мир во своето опкружување.

„Мислам дека сегашната ситуација мора јасно да им покаже на сите дека Европската унија мора да ја забрза интеграцијата бидејќи колку сме поголеми, толку сме посилни“, рече Сијарто.

„Ако не можеме повеќе да се интегрираме, особено Западен Балкан, нè очекуваат нови стратешки проблеми“, заклучи Сијарто.

 

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп