Утрински Весник
Економија

Унгарскиот медиум „Маѓар наранч“: Не може да се најде економска оправданост во кредитот за Северна Македонија

Img 0695.jpeg

„Официјалните владини лица во Унгарија молчат за начелниот договор што двајцата премиери, Виктор Орбан и Христијан Мицкоски, го склучија во Вашингтон за кредитот од 500 милиони евра. Нема никаква информација за оваа зделка од многу пари“ пишува „Независен“ повикувајќи се на анализата на унгарскиот медиум „Маѓар наранч“ во однос на кредитот од 500 милиони кој го договроија Мицкоски и Орбан.

„Маѓар наранч“ пишува дека Орбан „не мавта со ентузијазам, но неговиот пријател и колега, македонскиот премиер Христијан Мицкоски, не се двоумеше да најави дека земјата ќе добие заем од 500 милиони евра од унгарската држава. Двајцата добри пријатели си подадоа рака на самитот на НАТО во Вашингтон и го финализираа договорот“.

Она што е најмистериозно во целата зделка е што каматната стапка е пониска од онаа по која се задолжува унгарската држава или обврзниците што ги издава веројатниот заемодавач, државната Ексим банка.

Маѓар наранч“ пишува дека целата зделка е мистериозна и во неа не може да се најде некоја економска оправданост и веројатно затоа и владините претставници и Ексим банката молчат. Главното прашање е какви бенефиции ќе има Унгарија од овој договор за кредитот.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена