Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Унгарија по седум пенал-серии стана светски првак

Унгарија по седум пенал-серии стана светски првак
300x250 opst2

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија ја освои титулата на Светското првенство во Фукуока. Во дрматачното финале, Унгарците ја победија Грција по избедувањето пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши 10:10 (2:4, 2:1, 3:2, 3:3), по серијата од седум пенали Унгарија славеше со 4:3.

dobivaj vesti na viber

Унгарија четврти пат во својата историјата ја освои светската титула. До неа дојде благодарение на апсолутниот херој голманот Вогел. Унгарскиот голман во пенал серијата одбрани четири удари на грчките репрезентативци.

Унгарија постојано беше во водство во текот на целото финале кое го доби во првиот дел добивајќи го со 4:2.

„Хелените“ не се предадоа и успеаја да ја стигнат негативата, а во последниот дел да ја испратат играта гол за гол со Унгарците. Веројатно клучниот момент на мечот се случи во последната минута од третиот период, кога Грција по тајм-аутот, со играч повеќе не успеа да се одлепи на 7:5. Казната дојде во последните секунди од четвртината кога Мархерц израмни на 6:6.

На крајот од натпреварот и двете репрезентации имаа напад за победа, но не постигнаа гол драмата беше решена во шеснаесетникот.

Бронзениот медал во Фукуока со победата од 9:6 против Србија ја освои Шпанија.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона