Утрински Весник
Свет

Унгарија го забрани увозот на мед, вино, леб, шеќер, месо и зеленчук од Украина

Гардијан: Американскиот Конгрес подготвува санкции против блиски соработници и сојузници на Орбан

Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук, јавува Радио Слободна Европа. Списокот на производи што треба да се забранат е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите денови, Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на жито и други прехранбени производи од Украина, откако падот на цените предизвика протести на локалните фармери. Портпаролот на Европската комисија рече дека ваквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Откако руската инвазија блокираше некои пристаништа на Црното Море, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, заврши во земјите од централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking