Утрински Весник
Свет

Унгарија формира единици на ловци на мигранти: Имаат дозвола да убиваат

Унгарија формира единици на ловци на мигранти: Имаат дозвола да убиваат

Унгарската полиција формираше полк во кој може да се пријават унгарски државјани кои сакаат да ловат мигранти кои влегуваат во Унгарија од Србија или Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за граѓани кои по четиринеделна обука добиваат пиштол, боева муниција, палка, бибер спреј, лисици и наочари за ноќно гледање. Во Унгарија ја имаат официјалната титула „ловци на граници“ и по четири недели обука имаат дозвола да пукаат и убиваат доколку е потребно.

Во текот на тие четири недели, учесниците се обучуваат како да ракуваат со оружје, да патролираат по границата, да ги следат трагите на мигрантите, да вршат претреси, методи за апсење и да спречат нелегално преминување на границата.

Унгарските власти веќе подолго време спроведуваат интензивна јавна кампања за регрутирање на „гранични ловци“ на мигранти и сакаат да вработат вкупно околу 4.000 ловци. Досега се пријавиле повеќе од 2.000 Унгарци, а повеќе од 800 од нив веќе потпишале договори со полицијата. Оние кои ќе ја завршат обуката имаат право на месечна плата од околу 1.000 евра, храна и сместување.

Центарот за обука „ловци“ се наоѓа во Нирбатор, мал град на 260 милји источно од Будимпешта. Утринската дружба на мажи и жени облечени во сини униформи со зелени капи на главите започнува со песна. „Ќе ја исполнам должноста, ако е потребно, дури и со ризик на мојот живот“, пеат на цел глас.

Кандидатите доаѓаат од сите сфери, а меѓу нив има многу кои отсекогаш сакале да станат полицајци, но не успеале, но има и многу авантуристи и мразители на странци. Иако сето ова личи на создавање на паравоена единица под покровителство на државата, унгарските власти го бранат проектот тврдејќи дека на овој начин сакаат да ги олеснат припадниците на армијата и полицијата кои ја надгледуваа границата со Хрватска и Србија повеќе од две години. Унгарија подигна и жичена ограда кон овие две соседни земји, која годинава реши да ја надгради за уште еден метар во висина, пишува „Јутарњи лист“.

Унгарските власти веќе подолго време тврдат дека годинава драстично е зголемен бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат во нивната земја, пред се од Србија. Тие забележуваат дека во првите седум месеци 157.000 мигранти се обиделе да влезат во Унгарија.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk