Утрински Весник
Спорт

Јунајтед заинтересирани за Лаутаро, Интер ја одредиле цената за Аргентинецот

Јунајтед заинтересирани за Лаутаро, Интер ја одредиле цената за Аргентинецот
Dik 300x250 mk

Интер избори полуфинале во Лигата на шампионите, во домашното првенство се бори за место во Топ 4, но и покрај тоа клубот има големи финансиски проблеми. Поради тоа, во летниот преоден рок клубот ќе мора да продаде најмалку двајца фудбалери кои имаат голем вредност на фудбалскиот пазар.

dobivaj vesti na viber

Интер, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Милан Шкриниар, се шпекулира дека дозвола за трансфер ќе добие и десниот бек Дензе Дамфрис, а италијанските медиуми тврдат дека на продажба ќе биде ставен еден од лидерите на тимот, Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот го засили Интер во 2018 година. од неговиот трансфер Расинг клуб заработи 25 милиони евра. Лаутаро досега има одиграно 225 натпревар за Интер, на кои постигнал 98 гола.

Интер е подготвен да го продаде Мартинез но не за сума помала од 70 милиони евра.

Наводно, менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг им порачал на клупските челници сериозно да ја разгледаат оваа опција и нападот да го засилат со Аргентинеот.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен