Утрински Весник
Спорт

Јунајтед се „рехабилитираа“ против Бетис, Јуве со минималец против Фрајбург

Јунајтед се „рехабилитираа“ против Бетис, Јуве со минималец против Фрајбург
Dik 300x250 mk

Ерик Тен Хаг стартуваше со истиот состав кој во текот на викендот доживеа катастрофален 7:0 пораз од Ливерпул, за Манчестер јунајтед да стигнат до импресивна 4:1 победа над Реал Бетис во првиот меч од осминафиналето на Лига Европа.

dobivaj vesti na viber

Јувентус, пак, без суспендираниот Пол Погба поради дисциплински прекршок, повторно се потпреа на Анхел ди Марија да стигнат до 1:0 победа над Фрајбург, додека Севилја со 2:0 го совлада Фенербахче, а Шахтјор и Феенорд одиграа 1:1.

Маркус Рашфорд по само шест минути игра постигна прекрасен гол да донесе предност на „Олд Трафорд“, но потоа во нестабилна игра, Ајозе Перез ги „казни“ домаќините со исто толку убав гол, а по лошата реакција на Давид де Хеа, тие имаа среќа што не губеа на полувреме. Второто полувреме, пак, целосно му припадна на Јунајтед. Антони во 52. минута покажа зошто Тен Хаг инсистираше на неговиот трансфер со прекрасен гол, за Бруно Фернандеш само шест минути подоцна по еден корнер да забие за 3:1. Катастрофата на тимот на Мануел Пелегрини и неговото несреќно враќање во Манчестер (во минатото беше менаџер на Сити), го запечати Ваут Вегхорст со гол во 82. минута.

На „Алијанц стадионот“, пак, голот на Анхел ди Марија во 53. минута по асистенција на Филип Костиќ беше доволен за Јуве да патува во Германиа со предност од 1:0. Севилја поведе преку Жоан Жордан против Фенербахче во 56. минута, пред Ерик Ламела во 85. минута да осигура удобна предност.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Јувентус – Фрајбург 1:0
Манчестер јунајтед – Реал Бетис 4:1
Севилја – Фенербахче 2:0
Шахтјор Доњецк – Феенорд 1:1
ПРЕТХОДНО ИГРАА
Рома – Реал Сосиедад 2:0
Баер Леверкузен – Ференцварош 2:0
Спортинг Лисабон – Арсенал 2:2
Унион Берлин – Унион Сен-Жил 3:3

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Базел – Слован Братислава 2:2
Фиорентина – Сиваспор 1:0
Гент – Башакшехир 1:1
Лех Познањ – Ѓургарден 2:0
ПРЕТХОДНО ИГРАА
АЕК Ларнака – Вест хем 0:2
Андерлехт – Вилјареал 1:1
Шериф Тираспол – Ница 0:1

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс