Утрински Весник
Спорт

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот
Dik 300x250 mk

Манчестер јунајтед по секоја цена сака да се ослободи од услугите на Хари Мегваер. Клубот е подготвен да го исплати Мегваер за тој да го напушти клубот.

dobivaj vesti na viber

Во 2019 година, Хари Мегваер пристигна во Манчестер јунајтед од Лестер за рекордни 80 милиони фунти. Сепак, престојот на најскапиот дефанзивец на светот на „Олд Трафорд“ се претвори во вистински кошмар од кој немаше излез.

Правеше комични грешки, стана предмет на потсмев ширум светот, а навивачите дури му се закануваа со бомби доколку не го напушти клубот.

Сепак, тој и покрај се остана во клубот. Тој има уште две години од договорот вреден 190.000 фунти неделно, но Манчестер јунајтед има намера да се ослободи од него веќе на крајот на сезоната.

Клубот на 30. годишниот дефанзивец ќе му понуди 10 милиони фунти за раскин на договорот. Ќе добие пари и ќе може да го напушти клубот без обесштетување.

Понудата е на маса. Сега се чека одговорот на Мегваер, но проблемот е што тој претходно изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се бори за своето место во тимот.

Оваа сезона, Мегваер започна само 16 од 61 натпревар на „црвените ѓаволи“. Се шпекулира дека тој би можел да ја продолжи кариерата во Серија А.

Хари Мегваер одигра вкупно 175 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.



Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс