Утрински Весник
Македонија

Умерено облачно и ветровито време, со температури до 18 степени

Умерено облачно и ветровито време, со температури до 18 степени

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. В петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен