Утрински Весник
Македонија

Умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините

Променливо облачно, локално ќе има слаби врнежи од снег

Денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови.

dobivaj vesti na viber

Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за поjава на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува претежно северен ветер кој во вторник и особено во Повардарието ќе засилува.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?