Утрински Весник
Свет

Џулиен Смит: Во наредните месеци ќе се знае кој е наследникот на Столтенберг

Nato.jpg

Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорот Џулиен Смит денеска изјави дека во наредните месеци ќе се знае кој ќе биде новиот генерален секретар на таа Алијанса.

Таа го рече ова на онлајн прес-конференција, на прашањето дали во тешки времиња за НАТО, би било добро да се избере наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг што е можно поскоро, додавајќи дека Столтенберг одлучил да се повлече од позицијата генерален секретар подоцна оваа година, до есен 2024 година.

„Мислам дека сојузниците се доста заинтересирани овој процес на селекција да биде завршен веројатно во првиот квартал од оваа календарска година. Ние сме желни да го завршиме овој процес. А за тоа кој ќе биде избран, се разбира, немам што да кажам. Иако не е тајна што слушнавме од самиот холандки премиер Марк Руте, дека е заинтересиран. Значи, тоа е една личност што Алијансата ја има на ум Но, тоа е тековен процес и очекувам дека ќе има некакво решение во следните неколку месеци“, рече Смит.

Во исто време, таа рече дека сите во Алијансата му се благодарни на Столтенберг за неговото континуирано лидерство, бидејќи тој е на чело на организацијата веќе една деценија.

Таа на конференцијата најави и дека на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во среда во Брисел, ќе се разговара за напредокот во спроведувањето на новите воени планови на НАТО, како и за чекорите што се преземаат за зголемување инвестиции во одбраната.

Смит рече дека до крајот на 2024 година ќе има значително поголем број земји-членки кои ќе ги достигнат предвидените два отсто распределба за одбраната.

Тема на средбата ќе биде, рече таа, Украина и рече дека единствениот можен одговор на настаните во таа земја е континуираното единство на НАТО, континуираното инвестирање во нашата безбедност и нашата издржливост и континуирана помош за Украина.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж