Утрински Весник
Македонија

„Улици и патишта“ продолжуваат со уредување и санирање на кејот на реката Вардар

„Улици и патишта“ продолжуваат со уредување и санирање на кејот на реката Вардар

Екипи на ЈП Улици и патишта вршат санација на оштетените патеки на кејот, како и рачно и машинско чистење на косините на реката Вардар.

dobivaj vesti na viber

Од претпријатите наведуваат дека продолжуваат активностите за санирање на пешачките и велосипедски патеки на кејот, изминатиов период санирана е оштетената површина на пешачката патека на потегот од од мостот “Обединети Нации” во долниот дел кон мостот кај хотел “Александар Палас” на насипот на реката Вардар, каде што беа и санирани и оштетени заштитни столбчиња. Санирана е патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8ми Септември“, како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот.

„ Рачното и машинско чистење на нискостеблестата и погуста вегетација од косините и коритото на реката се одвиваше на потегот од мостот „8-ми Септември“ кон Центар од двете страни, потоа екипите продолжија од мостот кај МАНУ и рачно ја исчистија обраснатата трева од косините од десната страна, а екипи со машинското чистење го поминаа потегот од хотел „Александар Палас“ до делот под булеварот Никола Карев.

Рачното чистење е со тримери и со нив се коси обраснатата трева, а со машинското се собираат гранките и се отстранува наталожена земја и погуста вегетација од коритото на реката.

Исчистени се и скалилата на овој потег со обрасната трева, а моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот на река Вардар. Денеска екипите продолжуваат со санација на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, а екипите кои се задолжени за машинското и рачно чистење во наредните денови продолжуваат со активностите за чистење на потегот од ПИОМ кон мост „Близнак““ појаснуваат од ЈП Улици и патишта.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег