Утрински Весник
Македонија

Улично дефиле и претстава „Сонот на Ерберт“ за финале на прославата 50 години јубилеј на Францускиот институт

20240627174830 Big 730x400 45.webp.webp

Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје вечер ќе биде затворена со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот „Скопско лето“ ќе започне во 21:00 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“.

Прославата на 50-годишнината е поддржана од повеќе компании пријатели на Францускиот институт во Скопје.

Можете да прочитате

Малолетникот од Петровец кој исчезна по семејна расправија, се вратил дома

Загина планинар по пад во провалија кај „Тресонечки водопади“

Татко монструм ги силувал своите малолетни ќерки, мајката им велела да не пријавуваат бидејќи било срамота