Утрински Весник
Скопје

Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ денес во Скопје

Screenshot 20250209 102555 Instagram.jpg

Во Скопје денеска ќе се реализира првиот уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“.

Како што информира организаторот „Кој е следен?“, ќе се собираат сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.


Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека „безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност“.

– Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор.

Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно, додава организаторот на настанот.

Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство