Утрински Весник
Македонија

ЈУЛИ Е НАЈТОПОЛ МЕСЕЦ ВО ГОДИНАТА: Сепак и покрај ова, овие денови температурите се многу повисоки од просечните

2mtemp Anom 20240717 00 018.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, сите знаеме дека јули е најтоплиот месец во годината, но сепак и покрај ова поради екстремно топлиот бран кој не зафати изминатите веќе две недели а тој и понатаму продолжува, температурите се далеку над просекот за овој месец, и не само кај нас, туку и во целиот регион, како и во најголемиот дел од Европскиот Континент.

Особено во источна европа, како и на Балканот, па така  и во Македонија температурите се повисоки од просечните дури за 10 до 16 степени, што е навистина премногу. Ваквата состојба со времето продолжува се до крајот на оваа недела, но за викендот очекуваме мал пад на температурите, но и појава на попладневни грмотевични облаци, како и појава на локално невреме.

Сепак, според најновите достапни метео информации, поголемо освежување на времето се очекува од следната недела, и токму тогаш температурите би биле дури и потпросечни за месец јули, што значи не очекува голема промена на температурите.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации