Утрински Весник
Магазин

Џулија Робертс за новиот филм со Џорџ Клуни: Добив шанса да се карам со Џорџ

Џулија Робертс за новиот филм со Џорџ Клуни: Добив шанса да се карам со Џорџ
Dik 300x250 mk

Тие се меѓу најголемите холивудски ѕвезди, а и големи пријатели кои меѓусебно се задеваат со духовоти забелешки на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Но, за разлика од други холивудски другари, како на пример Мет Дејмон и Бен Афлек, Џорџ Клуни и Џулија Робертс не се пријатели од детството. Всушност, дуото првпат се запозна на снимањето на Ocean’s Eleven.

За време на неодамнешната прес-конференција за нивниот најнов филм, романтичната комедија „Билет за рајот“, Клуни откри: „Се сретнавме со Стивен Содерберг, седевме на подот во хотел и кажувавме шеги околу пет часа… За нас тоа отсекогаш е прилично лесно.“

Откако го добил сценариото од режисерот Ол Паркер, тој ѝ се јавил на Џулија и ѝ рекол: „Ова ќе биде добар филм доколку ти глумиш во него“, и таа се согласила.

„За среќа, сè успеа“, рече Џорџ.

Во „Билет за рајот“, оскаровците Клуни и Робертс повторно се обединуваат на големото платно како разведен пар во заедничка мисија да ја спречат нивната вљубена ќерка да се омажи за момче од Бали.

„Сценариото беше замислено за нив и напишано за нив. И јас ги молев да прифатат, и тие се смилуваа,“ изјави британскиот режисер на истата прес-конференција.

Клуни се пошегува: „За волја на вистината, тој имаше неколку компромитирачки фотографии“.

Кога ја прашаа што ја привлекло во улогата, Робертс се пошегува: „Шансата да се карам со Џорџ … и да го видам толку патетично вљубен во мене.”

Платонската хемија меѓу двете ѕвезди е опиплива во текот на целиот филм. На крајот на краиштата, ова е нивна петта соработка.

Можете да прочитате

Mahmut Orhan со новогодишен спектакл во Скопје

Најубавата зимска салата: Царска туршија

Ретроградниот Нептун се враќа во Риби: 4 знаци не треба да донесуваат важни одлуки до 11 декември