Утрински Весник
Македонија

Украле книги од Државниот архив, приведени тинејџери

Policija 4.jpg

На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.

По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

За да си оди порано од работа, работник пријавил бомба во РЕК „Осломеј“

МНТ со „Кец на десетка“ ќе ја отвори манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“

„Да ставиме точка на семејното насилство – време е за системска промена“, бараат од Платформата за родова еднаквост