Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украинското разузнавање по експлозиите: Кримскиот мост е непотребна градба

Украинското разузнавање по експлозиите: Кримскиот мост е непотребна градба
300x250 opst2

Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, одби да ги коментира експлозиите на мостот на Крим утринава.

dobivaj vesti na viber

„Можам само да го цитирам директорот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов, кој рече дека мостот на Крим е непотребна градба“, рече Јусов.

Кримскиот мост, клучната линија за снабдување на руските сили во Украина, е оштетен утринава во „вонредна“ ситуација во која загинаа две лица, а едно дете беше повредено, соопштија руските власти, а украинските медиуми јавуваат за експлозии на мостот.

Сообраќајот беше прекинат по мостот што Русија го изгради за да ја поврзе нејзината територија со полуостровот Крим, кој Москва го зазеде во 2014 година, соопштија руските власти. Видеото на Ројтерс покажува мост без сообраќај.

Можете да прочитате

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп