Утрински Весник
Свет

Украинското гранатирање уби четири лица од едно семејство во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот

20240319073514 big 730x400 95.webp.webp

Четири лица загинаа во украинското артилериско гранатирање на селото Николскоје во руската област Белгород, кое граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Четворицата – брачен пар, баба и 17-годишно момче загинаа во директен удар во нивната куќа. Според Гладков, едно девојче преживеало и е на интензивна нега.

На „Телеграм“ Гладков објави и дека единиците за противвоздушна одбрана во областа доцна синоќа собориле осум воздушни објекти.

-Никој не е повреден, но паѓањето на остатоци оштети покриви на индустриски објекти и куќи, прецизира тој.

Белгород е предмет на чести напади од 2022 година, но во последниве месеци тие станаа поинтензивни, со напад на крајот на декември минатата година во кој загинаа 25 луѓе.

Илјадници украински цивили се убиени во руските напади. Двете страни тврдат дека не се насочени кон цивили

Можете да прочитате

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат

„Ла Република“: Различни групи кардинали имале приватни разговори пред конклавата