Утрински Весник
Политички Партии

Украинско обвинителство: Од почетокот на рускиот напад, убиено е најмалку 461 дете

Украинско обвинителство: Од почетокот на рускиот напад, убиено е најмалку 461 дете

Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина објави дека најмалку 461 дете е убиено, а 927 ранети за време на руските напади врз земјата.

dobivaj vesti na viber

Исто така, исчезнати се 349 деца, додаваат од канцеларијата, повикувајќи се на државната полиција, пренесе „Киев Индипендент“.

Се додава дека бројот на загинати деца не е зголемен од 19 февруари, но дека е зголемен бројот на ранети деца поради руските напади.

Киевскиот весник додава дека се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем од сегашниот, бидејќи во него не се вклучени податоци од териториите окупирани од Русија или места каде што се водат борби.

Според Канцеларијата на јавниот обвинител, најголем број жртви се регистрирани во регионите Доњецк и Харков.

Украинското обвинителство посочува дека 16.221 дете биле насилно однесено во Русија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт