Утрински Весник
Свет

Украинските власти објавија дека нападнале рафинерија во близина на Москва

Image 2025 11 15 210621465.png

Украинската армија денеска објави на социјалните мрежи дека нападнала руска рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазањ, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“.

Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ.


„Предизвикан е пожар во просториите на компанијата“, но нема повредени, изјави рускиот гувернер на Телеграм, без да даде други детали.

Овој напад доаѓа еден ден по големите руски воздушни напади врз станбените простории во Киев, каде што, според последните податоци, загинаа седум лица.

Четири лица беа убиени во украинските напади на југ.

Можете да прочитате

Крадци со пиштоли и секири се обиделе да ја ограбат продавницата на Шанел во Париз

Токио протестира поради повикот на Кина да не патува во Јапонија

Пресвртна точка во дедоларизацијата – мултиполарните финасии земаат замав