Утрински Весник
Свет

Украински пратеник покрена петиција за признавање на независноста на Косово

Украински пратеник покрена петиција за признавање на независноста на Косово

Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко поднесе петиција до претседателот Володимир Зеленски со барање за признавање на независноста на Косово. Доколку петицијата собере најмалку 25.000 потписи, Зеленски ќе мора официјално да одговори на неа.

dobivaj vesti na viber

„Украина сега мора да го поддржи Косово!“, напиша Гончаренко на Твитер.

„Во контекст на влошувањето на ситуацијата на Косово и агресивната политика на Србија кон Косово, му предлагам на претседателот на Украина Володимир Зеленски да ја разгледа можноста за признавање на државниот суверенитет и независност на Република Косово. Зошто тоа да се направи Сега? Независноста на Косово ја признаваат половина од членките на ОН, вклучително и САД, како и повеќето земји од ЕУ и НАТО“, стои на почетокот на петицијата.

„Меѓународниот суд на правдата на ОН уште во 2010 година призна дека декларацијата за државен суверенитет на Косово не е во спротивност со нормите на меѓународното право и дека не прекршува ниту една резолуција и меѓународни акти. Русија не го признава Косово и ја смета таа земја за српска. Во исто време, пропагандистите на Кремљ тврдат дека е неопходно да се воспостави „ист поредок каков што го создаде Путин на 24 февруари“ на Балканот, се наведува.

„Претставниците на партијата на претседателот Вучиќ се залагаа и за денацификација на Балканот. Русија заедно со Србија се обидува да започне војна, оправдувајќи ги своите постапки со национално прашање. Токму сега, признавањето на независноста на Република Косово ќе ја покаже поддршката и солидарноста на Украина во борбата за територијалниот интегритет и суверенитет на оваа држава“, се додава во барањето.

„Истотака ќе покаже дека Украина, заедно со демократскиот свет, ја поддржува правдата и застанува на страната на вистината. Затоа, со оваа петиција, заедно со јавноста, бараме од претседателот на Украина да донесе одлука во однос на Косово како што поскоро“, заклучува Гончаренко.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk