Претставник на украинската влада кој сакаше да остане анонимен изјави за „Вашингтон пост“ дека украинските специјални служби стојат зад нападот на мостот на Крим.
Украинскиот информативен портал „Правда“ прв ја објави наводната улога на украинската влада во експлозијата и цитираше неидентификуван функционер кој вели дека украинската разузнавачка служба СБУ била вмешана во експлозијата на мостот.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека не ги коментира информациите во медиумите за вмешаност во експлозијата на мостот на Крим, изјави портпаролот на СБУ, Артем Дехтаренко во коментар за украинската новинска агенција УНИАН.