Утрински Весник
Свет

Украинската Рада оцени дека мировните напори на Трамп се „клучни“

Usa Ukraine.webp.webp

Украинскиот парламент соопшти дека безбедноста на земјата е загарантирана со поддршката на САД и ги опиша мировните напори на претседателот Доналд Трамп како „клучни“ за ставање крај на тригодишната војна со Русија.

Во соопштението, објавено на англиски три дена по јавната расправија во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели дека поддршката на Вашингтон е „поважна од кога било за украинскиот народ“.


-Украинскиот народ сака мир повеќе од кој било друг во светот и верува дека личната улога на претседателот Доналд Трамп и неговите мировни напори ќе бидат клучни за брз прекин на непријателствата и постигнување мир за Украина, Европа и целиот свет, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта