Утрински Весник
Свет

Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала

20240915105625 Big 730x400 25.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 10 руски дронови и една ракета, од вкупно 14 беспилотни летала кои биле насочени кон Украина.

Руската армија истрела две балистички ракети „Искендер М“ и една наведувачка ракета „Кх-59“ во јужната Одеска област.

Во соопштението на украинската армија се наведува дека ракетата била уништена, но не е објавено дали биле пресретнати двете балистички ракети.

Во синоќешниот руски ракетен напад врз Одеска област загинаа две лица, а уништени се станбени згради и стопански објекти во предградијата на Одеса.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа се соборени 29 украински дронови над седум руски области. Петнаесет дронови биле пресретнати над Брјанска област, која гранични со Украина. Другите беспилотни летала се соборени над Смоленска, Орловска, Белгородска, Калужска и Росковска област.

Можете да прочитате

Новите приоритети на САД: Европа група на суверени нации, стратешка стабилност со Русија, крај на перцепцијата за НАТО како алијанса која постојано се шири

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина