Утрински Весник
Свет

Украинската полиција: Тела на 534 цивили ископани во регионот Харков

Украинската полиција: Тела на 534 цивили ископани во регионот Харков

Заменик-директорот на украинската полиција во областа Харков, на териториите ослободени од руската окупација во последните недели, денеска изјави дека од 7 септември досега се ископани 534 тела на цивили, меѓу кои и 19 тела на деца.

dobivaj vesti na viber

Меѓу нив има тела на 226 жени и 260 мажи и останки на 29 лица чиј пол се уште не е утврден, рече тој. Во таа бројка се вклучени и телата кои беа ексхумирани од масовната гробница во близина на Изјум, додаде тој.

Кога репортерката на Би-Би-Си, Орла Герин, ја посетила масовната гробница во близина на Изјум во средината на септември, регионалниот обвинител во Харков и рекол дека некои од телата покажуваат знаци на тортура, додека останатите се останки на луѓе убиени во руски воздушни и артилериски напади.

Можете да прочитате

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори

Јулија Свириденко е нова премиерка на Украина