Утрински Весник
Свет

Украинската армија нападна складиште за нафта во рускиот град Енгелс

5 4.jpg

Одбранбените сили на Украина во текот на ноќта ја погодија базата за складирање нафта „Комбинат Кристал“, која се наоѓа во градот Енгелс, во руската област Саратов, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на „Фејсбук“, пренесува „Укринформ“.

Гувернерот на таа област, Роман Бусаргин, претходно денеска изјави дека руските градови Саратов и Енгелс биле нападнати од украински беспилотни летала во текот на ноќта, но според прелиминарните информации, во нападот нема повредени.


Рускиот гувернер на „Телеграм“ објави дека противпожарните екипи и итните служби биле испратени на местото на несреќата.

Можете да прочитате

Најмалку 20 туристи загинаа во терористички напад во Кашмир

Објавени последните зборови на папата Франциск

Уништен е Рибарскиот прстен на папата Франциск – Светиот престол е слободен