Утрински Весник
Свет

Украинска армија: Во тек се жестоки борби во Авдиевка, ситуацијата е критична

Ukraina Rusija.webp.webp

Украинските и руските сили се вклучени во „жестоки борби“ во Авдијевка, град во источна Украина, изјави денеска висок командант на украинската војска.

Соопштението доаѓа еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев прави се што е можно за да ги спаси своите сили на источниот фронт, особено во градот Авдијевка, каде ситуацијата беше опишана како „критична“.

„Во градот се водат тешки борби. Нашите сили ги користат сите расположливи сили и средства за да го задржат непријателот“, наведе на социјалните мрежи Олександр Тарнавски, висок украински командант на источниот дел на земјата.

Украинските сили воспоставуваат нови одбранбени позиции околу Авдијевка, а армијата сигнализираше можно повлекување пред брановите руски напади.

„Воспоставени се нови позиции и продолжуваат да се поставуваат големи утврдувања имајќи ги предвид сите можни сценарија“, додаде командант Тарнавски.

Тој додаде дека приоритет на Киев е да ги заштити своите сили.

„Ние го цениме секое парче украинска територија, но најголема вредност и приоритет за нас е да го спасиме животот на секој украински војник“, истакна тој, опишувајќи ја ситуацијата во Авдијивка како тешка, но под контрола.

Во тој град во регионот на Донбас уништен од борбите, позицијата на украинските војници е се понесигурна пред руските сили кои се во офанзива од октомври.

Падот на Авдијивка би бил важна симболична победа за Русија.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата