Утрински Весник
Свет

Украинска армија: Нападот со дрон на Крим е дел од подготовките за голема контраофанзива

Украинска армија: Нападот со дрон на Крим е дел од подготовките за голема контраофанзива

Вчерашниот напад со беспилотни летала на украинскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија, е подготовка за планирана контраофанзива, соопшти украинската армија.

dobivaj vesti na viber

„Уништувањето на непријателската логистика е еден од подготвителните фактори за силните акции на нашите одбранбени сили, за кои зборуваме долго време“, изјави Наталија Гумењук, портпаролка на јужната команда на украинската армија.

Гумењук додаде дека станува збор за подготовка за офанзива од големи размери „која сите ја чекаат“.

Голем руски склад за гориво се запали по напад со дрон во пристанишниот град Севастопол на Крим во саботата наутро. Според руските извештаи, нема повредени или жртви, а не биле оштетени ниту цивилни згради.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека се уништени десет цистерни со гориво. Киев не ја презеде одговорноста за нападот, но разузнавачите соопштија дека таквите експлозии ќе продолжат.

Русија е во војна со својот сосед повеќе од една година и моментално контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи го и Крим, кој го анектираше во 2014 година.

Украина сака, со помош на оружјето што и го испратија западните земји, да ги врати окупираните територии.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно