Утрински Весник
Свет

Украинците вратија село во регионот Запорожје: Нов успех на контраофанзивата, Русите мораа да го признаат поразот

Украинците вратија село во регионот Запорожје: Нов успех на контраофанзивата, Русите мораа да го признаат поразот

Претставникот на Русија во областа Запорожје и лидер на движењето „Ние сме со Русија“, Владимир Рогов, денеска призна дека Украина повторно зазеде село во јужниот дел на регионот Запорожје како дел од нејзината контраофанзива.

dobivaj vesti na viber

Рогов рече дека украинските сили ја окупирале населбата Пјатихатки и ископале на заземената локација под артилериски оган од руските сили, пренесува Ројтерс.

„Непријателските напади во бранови дадоа резултати, и покрај огромните загуби. Во таа област продолжуваат тешките борби“, рече Рогов во апликацијата за пораки Телеграм.

Украинската страна не ги коментираше овие наводи, а Ројтерс не можеше неезависно да ја потврди точноста на изјавата на Рогов.

Официјална Москва тврди дека нејзините сили им нанесуваат големи загуби на украинските сили, а рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека украинската контраофанзива „нема шанси“ за успех.

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план