Утрински Весник
Свет

Украинците уапсија брачен пар, тврдат дека се руски шпиони

Украинците уапсија брачен пар, тврдат дека се руски шпиони

Украинската служба за безбедност (СБУ) уапси брачна двојка осомничена за шпионирање за Русија во црноморското пристаниште во Одеса. СБУ не ги објави имињата на уапсените. Во соопштението се наведува дека двојката е осомничена дека извидувала локации за можни руски воени операции, исто како и маневрите на украинските сили за воздушна одбрана.

dobivaj vesti na viber

СБУ вели дека верува дека станува збор за руски разузнавачи кои планирале да создадат мрежа на агенти во јужна Украина. Вработените во СБУ пронајдоа мобилни телефони и компјутерска опрема со докази за „тајна кореспонденција со агресорот“, се наведува во соопштението за печатот.

„СБУ ги уапси двајцата шпиони додека се обидуваа да им достават доверливи информации на Русите“, објави СБУ, додавајќи дека двајцата пристигнале во Украина во 2018 година и добиле дозволи за престој. Мажот претходно служел во руската армија, објави СБУ.

Украинската служба наведува дека уапсените му испраќале информации на поранешен офицер на руските специјални сили на Крим, кој соработувал со военото разузнавање. СБУ објави и серија фотографии на кои се гледа апсењето на парот, воените документи на уапсениот на кои се гледа неговиот чин полковник и нивните руски пасоши.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници