Утрински Весник
Свет

Украинците твдат дека погодиле руска фабрика за производство на авиони во Воронеж

2226083.jpeg

Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, објави Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.

Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата.

Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над таа област биле соборени две украински беспилотни летала.

Од неодамна, Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk