Утрински Весник
Свет

Украинците го отстранија српот и чеканот од највисоката статуа во Европа

Украинците го отстранија српот и чеканот од највисоката статуа во Европа

Советскиот национален грб е отстранет од споменикот на Татковината што се издига над украинскиот главен град Киев.

dobivaj vesti na viber

На снимката се гледаат работници кои го отстрануваат симболот што го држи женска фигура – знак на татковината, јавува Би-Би-Си. Тие ќе бидат заменети со грб со трозабец – државниот симбол на Украина, кој ги симболизира старите словенски племиња кои некогаш живееле на територијата на таа земја.

Работата треба да биде завршена до 32-годишнината од Декларацијата за независност на Украина на 24 август. Фигурата е висока 62 метри, што ја прави највисоката статуа во Европа и речиси 16 метри повисока од Статуата на слободата во Њујорк. Целиот споменик, вклучувајќи ја и основата, е висок 102 метри и тежок речиси 500 тони.

Во 1981 година, уште во советско време, музејскиот комплекс со статуата беше официјално отворен по повод Денот на победата над хитлерова Германија. Во анкетата спроведена минатата година, во времето на сеопфатната руска инвазија, мнозинство Украинци гласаа за отстранување на советската симболика од обележјето на Киев.

 

Можете да прочитате

Кина по првпат ја претстави нуклеарната „тријада“ на воената парада во Пекинг

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

Санчез: Двојните стандарди на ЕУ за Украина и Газа го поткопуваат кредибилитетот на Европа