![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250206094253_big_730x400_46.webp)
Украина денеска соопшти дека заробила повеќе од 900 руски војници во текот на шестмесечните борби во западниот руски регион Курск.
Украинската борбена операција зад границата со Русија почна лани во август.
-За време на операцијата, украинските сили заробија 909 руски војници, значително надополнувајќи го фондот за размена, се вели во соопштението на украинската војска. „Ова овозможи да се вратат дома стотици украински бранители кои беа држени во руски затвори“, се наведува.
Минатата година, украинската војска соопшти дека нејзините сили заробиле повеќе од 700 руски војници за време на операциите во областа Курск.